ФОТО: Парада во Лондон во чест на роденденот на кралицата Елизабета Втора

Од:

Традиционалната парада и смотра на воените единци се одржа денеска во Лондон во чест на службениот роденден на кралицата Елизабета Втора.

На оваа манифестација присуствуваше кралицата, заедно со членовите од нејзиното најблиско семејство, но не и принцот Филип, кој веќе една недела се наоѓа во болница, откако врз него беше извршена хируршка интервенција во пределот на стомакот.

Преку илјада војници и коњи учествуваа во парадата, која ја следеа илјадници Британци, како и голем број домашани и странски туристи.

parada-kralica-rodenden1

Оваа традиционална смотра на кралските воени сили се одржува уште од 18. век. Првично смотрата била извршувана пред заминувањето на трупите во борба, но од 1748 година смотрата со парада на војниците се врзува за службениот роденден на британскиот суверен.

На денешната парада во кралска кочија, заедно со војводката од Корнвол, Камила Паркер, сопруга на престолонаследникот Чарлс и со принцот Хари, за последен пат во јавноста се појави Кетрин Мидлтон, војводката од Кембриџ, која во наредните недели се очекува да се породи.

parada-kralica-rodenden2

Кралицата Елизабета е родена на 21 април и таа тогаш наполни 87 години, но нејзиниот службен роденден секогаш се одбележува во јуни. Принцот Филип, во болничка постела, минатата недела наполни 92 години.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он