ФОТО: Најмалку 20 повредени во судар на два воза во Виена

Од:

Најмалку 20 лица се повредени, од кои петмина потешко, во судар на два регионални воза што се случи денеска во Виена.

Два воза на линијата S45 фронтално се судриле околу 8.45 часот по локално време на трасата меѓу западната станица „Вестбанхоф“ и станицата „Хителдорф“.

vozovi-sudar

Двата воза биле преполни со патници, соопштија надлежните власти.

vozovi-sudar2

Возилата на итна помош и пожарникарите дошле на местото на несреќата, како и хеликоптери за транспорт на потешко повредените.

vozovi-sudar4

Евакуацијата на сите патници од пренатрупаните композициите траела речиси два часа.

Во септември на истата пруга воз излета од шините, без да предизвика жртви. Истрагата тогаш утврди дека инцидентот е последица на човечка грешка.

vozovi-sudar1

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче