(ФОТО) Девојче кое побегна од исламистите: Бев „подарок“ на борците од прв ред

Од:

Четиринаесетгодишната Адеба Шакер е една од малкуте Језиди, кои успеале да побегнат од милитантите на ИС, кои последниве неколку месеци зазедоа поголеми делови од териториите во Ирак и Сирија.

Кога слушнале дека борците на ИС се приближуваат кон нивното село, со семејството побегнале во соседното, но милитантите ги пронашле и Адеба ја дале како „подарок“ на борците на првата линија од фронтот. Сакале да ја исламизираат и да ја принудат да се омажи за еден од нив.

-Ветија дека нема да не повредат доколку се предадеме. Не разделија од мажите и ни го зедоа накитот, парите, телефоните и авотомобилите- вели Адеба.

По два часа сите затвореници ги ставиле во комбе и ги однеле на непозната локација. Девојчето вели дека на почеток биле добри со нив и дека се обидувале да ги смират. Меѓутоа набргу потоа станале „агресивни и злоставувачки настроени“.

-Не знаевме што ќе се случи со нас-се сеќава девојчето, кое имало желба да стане наставничка. Најстрашниот момент се случил во тек на првата ноќ, кога биле киднапирани и однесени во полициска станица во друг град.

Според нејзините зборови припадниците на ИС киднапирале најмалку 73 жени и деца од нејзиното село, со цел да тргуваат со нив во северен Ирак. Таа се сеќава дека борците ги разделиле повозрасните жени од нив и дека со нив имало само млади жени, кои се соочиле со застрашувачка судбина. Некои од нив ги силувал командирот на милитантите, а потоа ги проследувал на останатите терористи. По групните силувања, биле продавани на „аукција“ за само 10 долари, а девојчињата кои биле на нејзина возраст требало да се омажат за борците. -Кога грабнувачите не оставија сами, видов торба полна со мобилни телефони и го повикав брат ми -раскажува таа.

10647661_10204713181335338_1127796042_n

Нејзиниот брат Смир и рекол да дојде до најблиската куќа и да побара помош, упатства како да дојде до границата каде што членовите на Курската работничка партија се борат против милитантите на ИС.

-Тоа беше доста ризично. Не знаев кој ми е пријател, а кој непријател – раскажува Шакер.

Таа и останатите девојчиња се обиделе да побегнат и заминале до куќата на соседот, од каде што добиле упатства како да стигнат до границата. -Не можев да одам право, нозете ми трепереа, а срцето силно чукаше. Трчавме и не се свртувавме назад-вели таа. По два часа од „патувањето“ слушнале пукотница, а потоа и ги забележале борците на КРС и трчале кон нив. -Плачев и се смеев во исто време, бевме слободни -се сеќава Адеба.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад