Фон дер Лејн бара од британската Влада да испрати еврокомесар

Од:

Новоизбраната претседателка на Европска Комисија, Урсула фон дер Лејн денеска испрати писмо до британскиот премиер Борис Џонсон во кое бара од неговата Влада да испрати кандидат за еврокомесар, потврди ЕК.

Со одлагањето на Брегзит до крајот на јануари 2020 година, неизвесно беше дали Обединетото Кралство ќе има свој еврокомесар во идниот состав на ЕК, кој сѐ уште не стапил на функција.

– Во писмото се повикува господинот Џонсон да предложи име за британски кандидати за еврокомесари. Во оваа писмо, како и во претходното испратено до Тереза Меј во јули, таа го охрабрува премиерот да предложи и женски кандидатки со оглед на нејзината цел да има еднаков број на машки и женски комесари, изјави денеска портпаролката на фон дер Лејн, Дана Спинант.

Таа додаде дека претседателката очекува брз одговор од британскиот премиер „бидејќи нашата цел е да се финализира новиот колеџ на ЕК за кој се надеваме дека Европскиот Парламент ќе може да гласа до крајот на ноември“.

Со ова се потврдува желбата на фон дер Лејн да започне со работа на 1 декември, со еден месец задоцнување.

Новата Комисија не можеше да биде составена на први ноември поради тоа што ЕП отфрли тројца кандидати во меѓувреме – францускиот, унгарскиот и романскиот.

Будимпешта и Париз понудија нови имиња, кои сѐ уште не се сослушани од Европскиот Парламент, а романската Влада се очекува во текот на денешниот ден да го предложи својот кандидат. Речиси извесно е дека Букурешт ќе го предложи досегашниот европратеник Сигфрид Мурешан. Унгарија го предложи досегашниот свој амбасадор при ЕУ, Оливер Вархелји, додека пак Париз го предложи бизнисменот, Тиери Бретон.

Сите овие кандидати сега треба да го поминат испитот на Европскиот Парламент, а потоа целокупниот состав да биде изгласан на пленарна седница.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он