Фон дер Лајен со нов план за закрепување на ЕУ од Ковид-19

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска закажа за следната недела мини-самит, со цел да поттикне договор за закрепнување на ЕУ од последиците на пандемијата.

На самитот на 8 јули Фон дер Лајен ги покани претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, германската канцеларка Ангела Меркел, чија земја моментно претседава со ЕУ, и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, соопшти ЕК.

– Наша заедничка одговорност е без одложување да го завршиме тој пакет за закрепнување и да им покажеме на сите Европејци дека Унијата е подготвена да работи во корист на сите, истакна претседателката на ЕК.

Таа додаде дека постигнување брз и амбициозен договор за план за закрепнување во следните недели ќе биде прв приоритет на Унијата.

Лидерите на ЕУ на 17 и 18 јули првпат од избивањето на пандемијата ќе се сретнат лично за да го разгледаат пакетот за закрепнување на Унијата, вклучувајќи долгорочен буџет од 1,1 илјади милијарди евра и времен инструмент од 750 милиони евра за борба против Ковид-19.

Целта на мини-самитот е претходно да се дојде до единство и да се овозможи лидерите на 27-те членки да постигнат договор.

Би можело да ве интересира

Во САД почина 7-годишно дете, најмладиот пациент заболен од Ковид-19

А1он

Холандски генетичар открива зошто сè повеќе млади умираат од Ковид-19

А1он

Голем скок на новозаразени со Ковид-19 во Италија, најмногу од крајот на мај

А1он

Дневен преглед Ковид-19: Во државите од регионот по над 100 новозаразени за 24 часа

А1он

И во Италија ново жариште на коронавирус по враќањето на тинејџери од Хрватска

А1он

Во Грција 151 нов случај на Ковид-19, Владата воведува дополнителни мерки

А1он