Фон дер Лајен: Не треба да се бојкотира Г20 на Бали заради учеството на Путин

Од:

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека не ја поддржува идејата за бојкот на самитот на Г-20 во Индонезија доколку на него учествува и рускиот лидер Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Таа посочи дека форматот на Г-20 е од големо значење не само за развиените, туку и за земјите во развој и според неа, неопходно е да се водат широки разговори за актуелните состојби во светот.

Самитот на лидерите на Г20, на кој се поканети лидерите на сите земји членки, меѓу кои и претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, се очекува да се одржи на 15 и 16 ноември на Бали.

САД и другите сојузнички земји се обидоа да извршат притисок врз Индонезија, која претседава со Г-20 оваа година, да ја откаже поканата на Русија за учество на самитот.

Меѓутоа, официјална Џакарта одговори дека е испратена покана до Русија, дека на самитот ќе се разговара за економски прашања и дека политиката не може да влијае на агендата на тој собир.

На предлог на САД и нивните сојузници, индонезиската Влада ја покани и Украина на самитот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен ги повика европските земји кои не зависат од рускиот гас да покажат солидарност

Фон дер Лајен: Во Европа зимава никој нема да смрзне

Урсула Фон дер Лајен: Албанија и Северна Македонија ги започнуваат преговорите со ЕУ

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Портпаролката на Фон Дер Лајен не потврди дека ЕУ го признава македонскиот јазик

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Бугарија и Северна Македонија се блиску до договор

Фон дер Лајен: Денес е добар ден за Европа

А1он