Фон дер Лајен и Блинкен: Војната во Украина ќе трае барем до крајот на годината, ако не и подолго

Од:

Официјални лица на ЕУ и САД, како и западните медиуми наведуваат дека Западот е одлучен во намерата да испрати уште поголеми испораки на тешко вооружување во Киев, затоа што во Украина се подготвува подолга војна во Украина, која ќе трае барем до крајот на годината, а веројатно и многу подолго.

Ова предвидување го потврди претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, додека државниот секретар на САД Ентони Блинкен на европските сојузници им ги пренесе истите сознанија на Вашингтон дека сите воени и разузнавачки проценки велат дека војната меѓу украинските и руските сили ќе се интензивира и ќе продолжи, без никакви изгледи забревтатните воени машинерии на двете страни да запрат во догледна иднина.

Фон дер Лајен им порача на граѓаните на ЕУ дека мора да се подготват за војната во Украина дека ќе трае „можеби и со години“ и побара што е можно повеќе оружје да биде доставено до Киев.

Германскиот министер за правда Марко Бушман, пак, ги отфрли приговорите дека ЕУ станува страна во војната бидејќи испорачува тешко оружје за властите во Киев. Бушман изјави дека „Украина води легитимна одбранбена војна… Така што поддршката во оружје не може да не наведе да станеме страна во војната“.

Американскиот државен секретар Блинкен и советникот за национална безбедност Џејк Саливан, пренесе Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори во Стејт департментот, во суштина од европските сојузници добиле потврда за нивната проценка дека војната во Украина не може да заврши во догледно време.

Началникот на Здружениот генералштаб на САД, генерал Марк Мили, во Комитетот за воени прашања на американскиот Сенат ја претстави оценката на Пентагон дека војната во Украина „ќе биде долга, не знам дали точно една деценија, но секако неколку години“.

Претставник на Стејт департментот за медиумите изјави дека Блинкен и неговите сојузници „разговарале за загриженоста дека војната во Украина ќе трае долго и дека сега се се сведува на тоа како да се запре овој конфликт што е можно поскоро“.

Црните претчувства за војната во Европа видно ги загрижуваат другите делови на светот, особено Азија, бидејќи овој конфликт предизвика нестабилност на глобално ниво.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авионот на Блинкен приземјен поради дефект, тој продолжил кон Брисел со автомобил

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирен од сликите од Газа

Урсула фон дер Лајен: Со руски пари да се купи оружје за Украина

Горан Наумовски

Урсула фон дер Лајен ја објави својата кандидатура за втор мандат на чело на ЕК

Блинкен не можеше да се врати од Давос поради истекување на кислород во авионот