Фон дер Лајен: Граѓаните низ Европа ја оживеаја „визијата за енергична и модерна европска демократија“

Од:

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, свпојот говор во Стразбур, на затворањето на конференцијата за иднината на Европа го започна со зборовите на Урсула Хиршман, која беше една од архитектите и градители на денешната слободна и обединета Европа : „Мораме да размислуваме и да планираме обединета Европа како секој ден да е можно веднаш да се создаде, отфрлајќи ја уморот на оние кои секогаш ја одложуваат за утре. Можното, ако е навистина возможно, можеме да почнеме да го реализираме уште денес.“, јави дописнкиот на МИА.

Урсула Хиршман. За оние кои не се запознаени со нејзината приказна. Таа се спротивстави на подемот на нацизмот во Берлин во 1930-тите – таа ја обликуваше иднината на Европа на островот Вентотене во 1940-тите – и таа беше една од пионерите на правата на жените за.

-Храброста што таа ја покажа во нејзините постапки и нејзините убедувања помогнаа Европа да стане она што е денес. Сакав да започнам со спомнување на неговата личност бидејќи размислувањето за иднината на нашата Европа отсекогаш го повикувало сеќавањето на неговото минато. Ова сеќавање е уште поважно во време кога нашиот континент повторно е соочен со незамисливото. Очигледните обиди на Русија да ги прецрта картите и да ги преработи дури и најтрагичните епизоди од нашата историја не потсетија на опасноста да ја изгубиме контролата и врз нашето минато и врз нашата иднина. Да живееш во вечна сегашност и да веруваш дека работите никогаш не можат да се променат. Дека не може да има подобри начини да се прават работите. И, уште посериозно: дека работите секогаш ќе останат непроменети, под услов ние да не се менуваме. Не може да грешиме повеќе! Да се застане е да се повлечеш! – нагласи фон дер Лајен.

Конференција покажа дека Европејците се решени да не ја направат оваа грешка. Ни кажавте дека сакате да изградите подобра иднина со почитување на најтрајните ветувања од минатото. Ветувањата за мир и просперитет, правичност и напредок; на социјална и одржлива, добронамерна и смела Европа. Исто како Урсула Хиршман и сите што дојдоа пред нас, додаде претседателката на Европската комисија.

Предлозите 49 на број и повеќе од 300 мерки, според неа е визијата на Европа која ги здружува своите сили и различности за да се справи со најголемите предизвици – од климатските промени до губење на природата, од пандемии до безбедност во нашиот дел од светот. Европа обдарена со зајакнати капацитети да ги оживее и брани своите вредности и владеењето на правото. Европа способна да се издржува во витални области, било да е тоа енергија, храна, материјали и лекови, дигитални чипови или зелени технологии. Европа која обезбедува единствена заштита и социјални придобивки во текот на овие големи транзиции.

-Му се обраќам на секој од вас што учествуваше на оваа конференција: вашата порака е примена. И сега е време да се дејствува, порача фон дер Лајен.

Таа се осврна и а потребата да се забрза работата што веќе е во тек, на пример Зелениот договор за Европа или за зајакнување на социјалната еднаквост. Ова значи забрзување на преговорите за пакетот „Прилагодување на целта 55“ за да можеме да се зајакнат обновливите извори на енергија, да се заштеди енергијата и да се оддалечи ЕУ од фосилните горива.

Претседателката на ЕК е горда што граѓаните низ Европа ја оживеаја „визијата за енергична и модерна европска демократија“.

-Токму оваа слика сакам да ја славиме на 9-ти мај. Многу помоќна слика од која било воена парада што маршира низ улиците на Москва додека зборуваме. Слика која не потсетува никогаш да не земаме здраво за готово што е и што значи Европа. Европа е сон. Сон кој отсекогаш бил. Сон роден од трагедија. Но, денес овој сон силно свети, не само овде, на ова историско место. Сјае во срцата и умовите на жителите на Киев и Харков, Одеса и Полтава, Мариупол и Миколаев. Сјае најсветло во ко бесот на овие семејства и млади луѓе затрупани во метрото и подрумите; на оние кои тагуваат за бесмислените злосторства, неселективно насилство извршено во Буча, во Ирпин и во сите украински села и градови погодени од војната. И најсилно сјае во очите на сите млади Украинци кои нашле засолниште во Европа – дом далеку од дома. Сите овие луѓе – млади и стари – се подготвени да се борат и да умрат за својата иднина и за овој сон на Европа. Овој сон кој отсекогаш бил. Овој сон кој секогаш мора да биде,нагласи таа.

Урсула фон дер Лејен ја заврши својата интервенција со посебна порака до Украина.

-Иднината на Европа е и ваша иднина. Иднината на нашата демократија е иднината на вашата демократија. Пред 72 години војната во Европа беше заменета со нешто поинакво, нешто ново. Прво Заедница, па Унија. Тоа беше денот кога започна иднината. Тоа е иднината што ја пишуваме заедно оттогаш – како архитекти и градители на Европа. А следната страница ја пишувате вас. Од сите нас заедно. Слава на Украина. Да живее Европа, заврши таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирен од сликите од Газа

Урсула фон дер Лајен: Со руски пари да се купи оружје за Украина

Горан Наумовски

Урсула фон дер Лајен ја објави својата кандидатура за втор мандат на чело на ЕК

Фон дер Лајен: ЕУ ја потврдува посветеноста на иднина во која сите шест земји од Западниот Балкан ќе бидат нејзини членки

ВИДЕО: Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев со важна порака за Зеленски

Катерина Ѓуровски