Фон дер Лајен: ЕУ обезбедува над 15 милијарди евра за борба против Ковид-19 во трети земји

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево најави дека ЕУ ќе обезбеди над 15 милијарди евра за да им помогне на земјите надвор од Унијата да се справат со пандемијата на Ковид-19 и нејзините последици.

– Африка би можела за неколку недели да биде соочена со истата состојба што ја имаме во Европа и ќе им биде потребна помош како што нам ни беше потребна, изјави преку видео порака Фон дер Лајен.

Европската унија, вели таа, е решена да ја води борбата против вирусот и социоекономските последици од пандемијата на глобално ниво и да им помогне на третите земји да се справат со оваа закана.

– Затоа обезбедуваме над 15 милијарди евра да им помогнеме на партнерите во светот, а повеќе пари ќе дојдат и од националните власти во вистински тимски европски дух, за да се покријат итните потреби на здравствените системи, како и на економиите за да се поддржат работниците, нагласи претседателката на ЕК.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирен од сликите од Газа