Фон дер Лајен: Брегзит не е крај, туку почеток на одлични односи со Велика Британија

Од:

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави денеска дека ЕУ очекува Велика Британија да ја напушти Унијата на 31 јануари.

Таа му честиташе на британскиот премиер Борис Џонсон на „јасната победа“ на вчерашните предвремени избори.

ЕУ лидерите го повикаа Лондон што побрзо да ја ратификуваат Спогодбата за повлекување и да почнат преговорите за идните односи.

– Велика Британија ќе стане „трета земја“, но ќе изградиме единствено партнерство. Брегзит не е крај на нешто, туку почеток на одлични односи меѓу добри соседи, потенцираше претседателката на Еврокомисијата.

ЕУ се надева дека од 1 февруари ќе се создадат услови за почеток на преговори за идното „блиско и единствено“ стратешко партнерство со Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ