Фински бизнисмен возеше 32 километри на час над дозволената брзина, доби казна од 121.000 евра

Од:

Фински мултимилионер доби една од најголемите казни за брзо возење во светот – 121.000 евра – за возење со 32 километри на час над дозволеното. Во Финска казните се пресметуваат според приходот на престапникот.

– Навистина жалам за тоа, изјави Андерс Виклоф (76) за медиумите од Nya Åland.

„Почнав да успорувам, но претпоставувам дека не успорив доволно брзо. Така оди“, рече тој.

Виклоф, еден од најбогатите Финци, рече дека ограничувањето на брзината „наеднаш“ се променило од 70 км/ч на 50 во моментот кога возел 82 км/ч.

Казните за сообраќајни прекршоци во Финска се засноваат на сериозноста на прекршокот и приходите на прекршителот, кои полицијата може веднаш да ги провери со поврзување со централната база на податоци на даночните обврзници. Тоа што Виклоф претходно беше казнет двапати поради пребрзо возење беше отежителна околност. Тој во 2018 година е казнет со 63.680 евра, пет години откако за истиот прекршок е казнет со 95.000 евра. Сега 10 дена му е одземена возачката дозвола.

Би можело да ве интересира

Откриен предизвикувач на тешка сообраќајна несреќа во Скопје, за половина час сторил три кривични дела

Фински неонацисти сакале да ја убијат поранешната премиерка, направиле оружје со 3Д принтер

Санкционирани 177 возачи од кои 37 за брзо возење во Скопје

276 санкционирани возачи во Скопје, 109 за брзо возење

174 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење

121 санкционирани возачи во Скопје, 35 за брзо возење