Финска верува дека Унгарија ќе ја ратификува апликацијата за нејзино членство во НАТО

Од:

Финскиот претседател, Саули Нинисто, денеска по телефонскиот разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека очекува Унгарија да го ратификува барањето на скандинавската земја за членство во НАТО.

„Добро е што Финска може да смета на Унгарија за нашата ратификација. Со нетрпение очекувам дополнително да ги зајакнеме финско-унгарските врски како сојузници”, напиша Нинисто на Твитер.

Шведскиот министер за надворешни работи, Тобијас Билстром, изрази оптимизам дека Унгарија ќе го ратификува и шведското барање, откако пред неколку дена разговараше со неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

„Имавме и доста позитивни коментари за време на тој разговор”, рече Билстром пред медиумите во Хелсинки.

Тој додаде дека Шведска гледа позитивен напредок кога станува збор унгарската ратификацијата на апликациите на Шведска и на Финска во НАТО.

Финска и Шведска поднесоа барање за влез во НАТО во мај како одговор на конфликтот во Украина, но тоа наиде на забелешки кај Турција.

Унгарија и Турција се единствените преостанати членки на Алијансата што се уште не ги ратификувале апликациите.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски