Финска со рекорден број баратели на азил по руската инвазија врз Украина

Од:

Финска регистрираше рекорден број баратели на азил по руската инвазија врз Украина, надминувајќи го рекордот од 2015 година за време на миграциската криза, информираа денеска властите на земјата.

„Заклучно со 4 август, поднесени се 35.064 молби за привремена заштита од луѓе, кои ја напуштиле Украина поради воениот напад на Русија“, соопшти финската служба за имиграција.

Оттаму посочија дека во системот за сместување веќе се евидентирани над 37.000 лица, повеќе од кога и да е.

Претходниот рекорд во земјата датира од 2015 година и изнесува 32.000 лица.

„Една третина од луѓето кои бегаат од Украина се деца“, истакнаа од службата за имиграција.

Досега, одделот обработил 33.480 молби за заштита и близу 95 отсто од подносителите веќе добиле одговор.

Заштита добија 33.231 лице. Помалку од еден отсто од молбите се одбиени. Одбиени се граѓани на други земји, а не на Украина, подвлече службата.

Секој што поднесува молба за привремена заштита во Финска, веднаш добива право да работи во земјата.

Според најновите податоци на Обединетите Нации, досега во Европа регистрирани се над 6,3 милиони бегалци од Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ