Финска порано од планираното ќе почне со олабавување на рестрикциите воведени поради Ковид

Од:

Финска ќе почне постепено да ги ублажува ограничувањата наметнати поради Ковид-19 веќе на 1 февруари наместо во средината на февруари, како што беше првично планирано, во услови на забележано растоварување на болничкиот систем, соопшти синоќа Владата.

На 18 јануари, премиерот Сана Марин објави дека Финска ќе почне со олабавување на мерките од средината на следниот месец, но знаците за стабилизација на морбидитетот во земјата ја натераа владата да ги промени своите планови.

„Товарот на единиците за интензивна нега се промени на подобро“, рече финската министерка за социјална заштита и здравство Хана Саркинен.

Таа појасни дека владата одлучила да започне со претпазливост со ублажување на ограничувањата, со тоа што работното време на рестораните наместо до 18 часот сега е продолжено до 21 часот.

Исто така, се препорачува локалните власти да дозволат отворање на културни и спортски центри како што се спортски сали, базени и театри од почетокот на февруари.

Финска останува меѓу најмалку погодените земји во светот од пандемијата. Според здравствените власти во земјата, досега во Финска се регистрирани 470.665 случаи на Ковид-19, со население од 5,5 милиони и 1.919 смртни случаи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател

300.000 Финци штрајкуваат – затворени фабрики, продавници, градинки…

Русија ќе ги распореди најновите хаубици во близина на финската граница

Финска ги затвори сите копнени гранични премини со Русија

Финска: Нема разговори со Русија