Финска објави дека е против влезот на Романија и Бугарија во Шенген

Од:

Финска изутринава официјално објави, само еден ден пред почетокот на Советот на Министрите за правда и за внатрешни работи на земјите членки на Европската унија, дека се противи на влегувањето на Романија и Бугарија во Шенгенскиот простор, објави романскиот весник „Романија либера“.

Министерот за внатрешни работи на Финска Пејви Ресенен изјави дека Романија и Бугарија биле примени во Европската унија премногу лесно, објави електронското издание на финската телевизија „YLE“.

Позицијата на Финска не е поврзана со проблемот со Ромите, кои питачата на улиците. Причината е високото ниво на корупција и непочитување на правата на правна држава, објасни Ресенен.

Спроед весникот Владата и Парламентот на Финска сметаат дека Романија и Бугарија се силно корумпирани и не ги почитуваат принципите на правна држава, што е услов за пристапување на Шенгенскиот простор.

Романскиот претседател Трајан Басеску изјави дека има најмалку седум земји кои се противат на влезот на Романија и Бугарија во Шенген простроот, без да ги именува.

Би можело да ве интересира

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Словенија го суспендира Шенгенот и ја враќа граничната контрола со Хрватска поради војната во Газа

А1он

Полски дипломати продавале Шенген визи во Африка, Азија и Блискиот Исток

Стејт департмент: Лани над 26,29 отсто од барателите од Северна Македонија за виза во САД се одбиени

Гостиварка останала без пари: Измамничка за 1.700 евра и ветила виза за европска држава

Со косовски пасош во ЕУ без виза – Косово доби безвизен режим

А1он