Финска нема да влезе во НАТО, но ќе се приклучи на санкциите кон Русија најави премиерката Марин

Од:

Финска во блиска иднина нема планови да се приклучи кон НАТО, но е подготвена да ги поддржи европските сојузници и САД во воведувањето строги санкции кон Русија доколку се случи напад врз Украина, изјави вчера финската премиерка Сана Марин.

dobivaj vesti na viber

-Тоа би имало многу значаен ефект и санкциите би биле исклучително остри, рече Марин во интервју за Ројтерс.

Марин истакна дека е „многу неверојатно“ нејзината земја да се пријави за членство во НАТО во време на нејзиниот мандат.

Финска и Русија имаат заедничка граница долга 1.340 километри.

Американскиот претседател Џо Бајден пред два дена го повика финскиот претседател Саули Ниинисто, втор пат овој месец, да разговараат за „важноста на блиското одбранбено партнерство на Финска со САД и НАТО“, се наведува во соопштението од канцеларијата на Бајден.

Марин не сакаше да зборува за тоа, но кажа дека верува оти другите земји се свесни за фактот дека Финска долго одржувала „функционални“ односи со Русија.

Премиерката повтори дека Финска има право, еден ден, да се приклучи кон НАТО, но доколку тоа го посака.

-Никој не може да влијае врз нас, ниту САД, ниту Русија, ниту кој било друг, додаде таа.

Финска во декември одлучи да купи авиони Ф-35 и да купи воена опрема компатибилна со стандардите на НАТО.

Последната анкета на најголемиот фински дневен весник „Хелсингин саномат“ покажува дека 28 отсто од Финците сакаат земја во НАТО, додека 42 отсто се против.

„Генерално, верувам дека ќе има повеќе дискусии за НАТО во наредните години“, рече Марин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борел: Има недостиг од храна низ цел свет, а таму каде што ја има таа е скапа

Путин тврди дека расте бројот на кибер-напади врз Русија

Ландов

Ердоган разговараше со холандскиот премиер за НАТО-патот на Шведска и Финска

Ландов

Канада воведува дополнителни санкции против руските олигарси

Ердоган не попушта: Повторно „не„ за Шведска и Финска

Русија утре ја прекинува испораката на гас за Финска