Финска ја задржува граничната контрола до 14 јуни

Од:

Финска ќе ги задржи граничните контроли до 14 јуни на сите граници, соопшти холандското Министерство за внатрешни работи.

Одлуката е продолжение на претходното решение на Владата, со кое од 19 март се вршат гранични контроли на внатрешните граници, затворање на некои гранични премини и ограничување на сообраќајот преку надворешните граници.

Од 14 мај, властите во земјата ќе дозволат преминување на границите со другите земји од ЕУ.

Дозволено е движење на работната сила, посети на роднини и други „неопходни патувања“.

Министерството соопшти дека не препорачува патување за туристички цели..

Внатрешните гранични контроли ќе продолжат да функционираат на копнените граници, на пристаништата и аеродромите во Финска.

Би можело да ве интересира

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател