Финска ја отстрани свастиката од амблемот на воздухопловните сили

Од:

Финските воздухопловни сили го отстранија стариот амблем што содржеше свастика, јави Би Би Си.

Долго време, амблемот на финските воздушни сили содржеше свастика и пар крилја. Сепак, свастиката, симбол стар неколку илјади години, вообичаена поврзан со нацистите, сега е отстранета од амблемот.

Финските воздухопловни сили го користеа симболот свастика од основањето во 1918 година, многу набргу откако земјата се стекна со независност и долго пред подемот на нацизмот.

Синиот симбол свастика на бела позадина се наоѓаше во авионите на Финските воздухопловни сили до 1945 година, и тоа не со цел да покаже верност кон нацистичка Германија, со која Финска беше во сојузнички однос.

Симболот беше отстранет од авионите по Втората светска војна, но сепак беше присутен во некои други амблеми на авијацијата, знамиња, украси и униформи.

Името на геометрискиот симбол со краци искривени под прав агол на лева и десна страна доаѓа од зборот санскрит што значи благосостојба или среќа. Овој симбол се користи илјадници години во индиската култура и низ целиот свет, додека на Западот стана популарен на почетокот на минатиот век. Но, во текот на 20-тите години на минатиот век, Адолф Хитлер ја користеше свастиката како симбол на неговата Националсоцијалистичка партија, која дојде на власт во Германија во следната деценија. Геноцидот спроведен од режимот на Хитлер, за повеќето луѓе на Западот, доведе до поврзување на свастиката со нацизмот и антисемитизмот .

Академикот од Финска Тиво Теваен вели дека во оваа земја симболот свастика може да се најде на зградите што биле подигнати во втората декада на минатиот век. Во Финска, постои идеја дека свастиката е декоративен знак, што до одреден степен, тоа и е, заклучува Теваен.

Би можело да ве интересира

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател