Финска и Шведска не постигнаа договор со Турција за членството во НАТО

Од:

На маргините на неформалната средба на НАТО во Берлин синоќа разговараа министрите за надворешни работи на Шведска, на Финска и на Турција, Ан Линде, Пека Хавесто и Мевлут Чавушоглу.

Шефицата на шведската дипломатија Линде изјави дека не е постигнат договор и оти ќе продолжат преговорите.

– Имаме различни ставови, но јасно ставивме до знаење дека Курдската работничка партија (ПКК) е терористичка организација. Како и многу други сојузници на НАТО, ние исто така преговараме со други курдски организации. Тие (турските претставници) сметаат дека сите Курди во североисточна Сирија припаѓаат на една организација. Ние не мислиме така, САД не мислат така, наведе Линде.

Таа додаде дека шведските дипломати ќе го продолжат дијалогот за тоа прашање.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на 13 мај изјави дека внимателно ги следи случувањата во врска со можното членство на Финска и Шведска во НАТО, но оти нема позитивно мислење за тоа.

– Немаме позитивно мислење. Скандинавските земји се како гостинска куќа за терористички организации, истакна Ердоган.

Иако Турција вообичаено одржува добри односи со Финска, таа имаше некои несогласувања со Шведска поради поддршката на скандинавската земја на сирискиот огранок на Курдската работничка партија (ПКК) и нејзиното спротивставување на турските прекугранични операции против терористичката група во северна Сирија.

Додека Чавушоглу вчера изјави дека мнозинството Турци се против приемот на Финска и на Шведска во НАТО и бараат од Анкара да го блокира процесот. Тој додаде дека за тоа ќе разговара со сојузниците во Алијансата, како и со Хелсинки и Стокхолм.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија