Финска и Естонија бараат од европските држави да не им издаваат туристички визи на Русите

Од:

Естонија и на Финска ги повикаа европските држави да не издаваат туристички визи за Русите, нагласувајќи дека не треба да им биде овозможено да летуваат во европските летувалишта додека руската армија ја напаѓа Украина.

Естонската премиерка Каја Калас на Твитер напиша дека „посетата на Европа е привилегија, а не човеково право“ и оти е време да бидат запрени туристите од Русија.

Финската премиерка Сана Марин изјави за финските медиуми дека не е во ред Русија да врши агресија на европско тло, а истовремено Русите да живеат нормално и да патуваат низ Европа.

Естонија и Финска се членки на ЕУ и се граничат со Русија. ЕУ ги прекина сите летови за Русија, но Русите се уште можат да влезат во тие земји по копнен пат, а потоа авионски да патуваат низ Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фински бизнисмен возеше 32 километри на час над дозволената брзина, доби казна од 121.000 евра

Се урна пешачки мост во Финска: Најмалку 27 повредени, претежно деца

Ана Ололовска

ВИДЕО: Финска влезе во НАТО

Катерина Павлова-Николовска

Финска утре влегува во НАТО

Сана Марин призна пораз, десеницата победи во Финска

Финска очекува поддршка од Турција за влез во НАТО

Ана Ололовска