Финска ги повика луѓето под 40 години да купат јод, аптеките останаа без залихи за неколку часа

Од:

Министерството за социјална заштита и здравство на Финска ги повика жителите помлади од 40 години да купат таблети со јод како превентивна мерка во случај на закана од нуклеарно зрачење, јавуваат финските медиуми.

Неколку часа по соопштението на министерството, аптеките ги потрошија залихите на апчиња. Здружението на фински фармацевти преку соопштение потврди дека таблетите со калиум јодид се привремено распродадени во сите аптеки во земјава и наскоро ќе бидат повторно достапни.

Ова здружение ги потсети жителите дека и покрај барањето на надлежните нема итност и да се провери дали веќе имаат јод во домовите. Финска, која дели 1.340 километри граница со Русија, со децении развива сеопфатен план за да го подготви своето население за можни војни, нуклеарни несреќи и природни катастрофи.

Финска има огромна мрежа на засолништа за цивилна заштита, големи стратешки залихи и протоколи за итни случаи.

Би можело да ве интересира

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател