Финска чекор поблиску до НАТО, нема да ја чека Шведска

Од:

Финска денеска ја води последната дебата за влез во НАТО во својот парламент и однапред ќе гласа за што поскоро приклучување кон воената алијанса, откако одлучи дека нема да чека претходна потврда од Турција и Унгарија, ниту изборите во нејзината земја на почетокот на април.

Владата на премиерката Сана Марин ја чекаат избори на 2 април, а Хелсинки сака да избегне каков било политички вакуум за да се „качи на возот“ на НАТО штом Анкара и Будимпешта ќе го ратификуваат барањето за членство во матичните парламенти.

Тоа значи дека можеби нема да ја чека соседна Шведска, исто така кандидат за НАТО, која во моментов се соочува со турско вето.

200 пратеници во финскиот парламент денеска ќе одржат финална расправа за предлог-законот за влез во НАТО, а гласањето ќе се одржи најдоцна до среда. Нивната дискусија се совпаѓа со пристигнувањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Финска. Тој ќе се сретне со лидерите на нордиската земја со 5,5 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана