Филипини: ОН го нарушија нашиот суверенитет

Од:

Владата на Филипини ги критикуваше Обединетите нации поради „непростливото мешање“ во суверенитетот на таа држава, откако ОН повикаа на меѓународна истрага на убиствата кои се случија за време на „војната против дрогата“ на филипинскиот претседател Родриго Дутерте.

– Расфрлање со пристрасни и апсолутно лажни факти, со малициозни подметнувања на уставните власти, извршено од 11 специјални известувачи на ОН, претставува непростливо мешање во нашиот суверенитет, истакна портпаролот на филипинскиот претседател, Салвадор Панело.

Експертите од ОН тој ги нарече странски пропагандисти, кои се претставуваат како заштитници на човековите права.

Експерти за човекови права од ОН денеска побараа меѓународна истрага за „вџашувачкиот број незаконски смртни случаи и полициски убиства во контекст на т.н. војна против дрогата“ на Филипини.

Единаесет независни експерти во заедничко соопштение оценија дека филипинскиот претседател Дутерте јавно ги заплашувал активистите и судиите од Врховниот суд, деградирал жени и „поттикнувал насилство кон наводни дилери на дрога и други“. Експертите го повикаа Советот за човекови права при ОН да покрене независна истрага.

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами