“Фејсбук” суспендираше мрежа руски профили поврзани со военото разузнавање

Од:

“Фејсбук” денеска соопшти дека ја суспендирал “мрежата налози”, користени од руската воена разузнавачка служба.

“Фејсбук” тврди дека внатрешна истрага открила дека лицата кои стојат зад откриените лажни профили, навидум меѓусебно неповрзани и некоординирани, припаѓаат на руските воени разузнавачки структури.

Руското Министерство за одбрана засега не ја коментираше одлуката на “Фејсбук”.

Раководителот на секторот за кибер безбедност во “Фејсбук” Натаниел Глајчер изјави дека во најновата руска операција на “Фејсбук” и “Инстаграм” користени се повеќе од 100 лажни профили на лажни новинари во различни земји.

Од тие лажни налози контактирани се локални медиуми и политички личности со цел да се пласираат измислени детали или приказни за спорни политички прашања како наводна корупција, етнички тензии на Крим или за падот на малезискиот авион во Украина во 2014 година.

Глајчер вели дека “Фејсбук” одамна знаел за корисници кои преку контакт со вистински луѓе се обидувале да протурнат и наметнат „негативно влијание и да ги остварат своите намери“.

Компанијата „Графика“, која се занимава со истражување и анализа на социјалните медиуми, ги прегледала спорните налози пред да ги суспендира “Фејсбук” и соопшти дека биле најактивни во 2016 и 2017 година, иако некои профили биле активни и годинава.

“Фејсбук” соопшти дека суспендира уште две групи профили, од кои една поврзана со претходно идентификувана иранска мрежа која ги таргетира САД, а другата со една пи-ар агенција во Виетнам.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Твитер избришаа објави на Трамп поради ширење дезинформации за коронавирусот

А1он

Чулев во полициска станица повикал и други кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

Кристијан Ландов

Фејсбук отстрани неколку објави на Трамп во предизборната кампања

А1он

Закерберг: Правилата на Фејсбук ќе бидат ревидирани

А1он

Фејсбук со намалена маркетинг продажба поради стравот од пандемијата

А1он

ЕК се закани со „обврзувачки мерки“ по состанокот со Фејсбук за содржините со омраза

А1он