Фејсбук: Рекламите против вакцинацијата ќе бидат отстранети

Од:

Фејсбук соопшти дека воведува нови правила според кои рекламите против вакцинацијата ќе бидат отстранети.

Претходно, компанијата имаше политика против измама со вакцини, кои беа јавно идентификувани од глобалните здравствени организации.

„Ако рекламата има за цел да ги одврати потрошувачите од вакцината, ние ќе ја одбиеме“, наведоа Канг-Син Џин, главниот здравствен директор на компанијата и Роб Корен, директор за управување со производи, во објава на блог.

Новата забрана доаѓа во време на низа измени во политиката на компанијата за ослободување на социјалните мрежи од проблематична содржина.

Овие вклучуваат забрана за негирање на холокауст објавена претходно оваа недела, забрана за теории на заговор и групи минатата недела, привремена забрана за политичко рекламирање пред изборите на 3 ноември во САД.

Би можело да ве интересира

Вработени во Фејсбук ја обвинуваат компанијата дека ги принудувала да се вратат во канцеларија

Ана Ололовска

Повеќе од 20 милиони луѓе го следат „Катар ервејс“ на Фејсбук

Ана Ололовска

Ирска отвори две истраги против Фејсбук

Ана Ололовска

Фејсбук забрани огласи за изборна измама

Ана Ололовска

Фејсбук и Твитер избришале уште стотици лажни руски налози

Ана Ололовска

Фејсбук поради регулативи најавува можност за напуштање на Европа

Ана Ололовска