Фејсбук објави нови мерки за претседателските избори во САД

Од:

Социјалната мрежа Фејсбук подготвува нови мерки за претстојните претседателски избори во САД следната година.

Фејсбук најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението на гласачите.

– Се соочуваме со повеќе софистицирани напади од агенти контролирани од државата. Но, верувам дека сега сме многу подобро подготвени отколку за изборите во 2016 година, изјави сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг.

Една од новите мерки е дека информациите кои доаѓаат од медиумите контролирани од влади на други земји, ќе се појават со назнака во која ќе се наведе нивниот извор. Друга мерка е дека кога корисниците ќе се обидат да споделат вест за која е утврдено дека е лажна од сајтовите за проверка на веродостојноста, ќе биде издадено предупредување дека информацијата е сомнителна.

Фејсбук, исто така, објави дека преземал дополнителни мерки за да спречи профилите на политичарите и другите учесници во изборниот процес да бидат хакирани или компромитирани од злонамерни лица или организации.

Би можело да ве интересира

Британија ќе чека да поминат изборите во САД, па ќе одлучи за екстрадицијата на Асанж

А1он

„Њујорк тајмс“: Во Пентагон се разговара за оставки ако Трамп ја употреби армијата против народот

А1он

Втора ноќ протести во САД поради пресудата за убиството на Бријана Тејлор

Ана Ололовска

Горбачов: Русија да спречи натамошен конфликт меѓу САД и Кина

Ана Ололовска

Трамп го презентираше планот за здравствена реформа, но без детали

Ана Ололовска

Речиси 500 експерти за национална безбедност дадоа поддршка за Бајден за претседател на САД

А1он