Фејсбук ќе мора да отстранува говор на омраза на барање на национални судови

Од:

Европскиот суд за правда оцени дека платформи како Фејсбук имаат обврска да отстрануваат содржина со говор на омраза на светско ниво доколку тоа од нив го побара суд на земја членка на ЕУ.

Вака пресуди Судот денеска по прашање на австрискиот врховен суд во врска со тужба на австриската пратеничка Ева Главишник-Пиесчек.

Пратеничката била соочена со навреди и говор на омраза од страна на корисник на социјалната мрежа Фејсбук кога тој споделил линк за политиката на нејзината партија кон бегалците. Главишник-Пиесчек поднела тужба пред австрискиот суд и оценила дека споделената објава е напад врз нејзиниот углед, дотолку повеќе што може секој корисник во светот да ја види.

Австрискиот врховен суд се обрати до Европскиот суд за правда за негово толкување на директивата на ЕУ за електронска трговија.

Иако судот прифаќа дека Фејсбук и другите платформи не треба да го контролираат слободниот говор онлајн проактивно, тие имаат обврска да отстранат навредливи содржини на глобално ниво доколку национален суд оценил дека содржината е нелегална.

Судот во заклучокот истакна дека суд на земја членка на ЕУ има право да побара од платформа да отстрани содржина или информации кои ги репродуцираат содржините кои претходно биле оценети како нелегални.

Платформата исто така може да добие наредба да ги “отстрани сите информации засегнати од наредбата или да го блокира пристапот до нив на светско ниво во рамките на релевантното меѓународно право“, пресуди Судот во Луксембург.

Пресудата би можела да предизвика тензии помеѓу држави со многу различни законодавства во однос на говорот на омраза и слободата на изразување.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ