„Фејсбук“ казнет во Унгарија со четири милиони долари

Од:

Унгарската агенција за заштита на конкуренција нареди „Фејсбук“ да плати казна од 1,2 милијарди форинти, или нешто помалку од четири милиони долари, поради доведување во заблуда на корисници. Тоа е најголема ваква казна во историјата на државата.

Суштината на тој случај е тврдењето на унгарската агенција дека „Фејсбук“ ги рекламирал своите услуги како бесплатни, но дека компанијата заработувала пари од активности и податоци на корисниците, што може да се толкува како форма на плаќање, јавуваат унгарските медиуми.

Казната за „Фејсбук“ следува по неколку недели спекулации дека Унгарија ќе ја казни таа социјална мрежа. Унгарската агенција наведува и дека пораката на „Фејсбук“ пред која се рекламирале бесплатни услуги, била поставена во почетокот на 2010 година, и дека е избришана во крајот на октомври оваа година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон