ФДА: Ќе се фрлат спорните серии вакцини Џонсон и Џонсон

Од:

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) синоќа соопшти дека фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон ќе мора да фрли повеќе милиони дози вакцина против Ковид-19, произведени во фабриката во Балтимор.

Во исто време ФДА одобри употреба на 10 милиони други дози од вакцината.

Според Њујорк тајмс спорниот контингент вакцини опфаќа околу 60 милиони дози. ФДА не потврди за колкава бројка вакцини се работи освен дека неколку серии не се за употреба.

Производството на вакцини во фабриката во Балтимор е стопирано во април откако е откриено дека состојките во вакцината на Астра Зенека, што во исто време се произведуваа во фабриката, штетно влијаеле на една серија вакцини на Џонсон и Џонсон.

Вакцината на Астра Зенека не се произведува повеќе во фабриката во Балтимор.

И Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека контингентот вакцини на Џонсон и Џонсон, кои се направени за европскиот регион во време кога беше откриена грешка во производството на дози во Балтимор, САД, како мерка на претпазливост, нема да се користи.

ЕМА не соопшти за колку дози станува збор, но западните медиуми наведуваат дека станува збор за неколку милиони дози.

Би можело да ве интересира

Третата доза „Фајзер“ заштитува стопати повеќе од делта-сојот, тврди компанијата

Жарко Настоски

Синофарм е помалку ефикасна против Делта-сојот, но штити од две клучни работи

Ана Ололовска

Чешка ќе донира 2,4 милиони дози вакцини на 12 земји, меѓу нив и на Македонија

Жарко Настоски

Данска им нуди трета доза на имунизираните со две различни вакцини, за полесно да патуваат

Жарко Настоски

САД купиле уште 200 милиони дози од вакцината на Фајзер

Жарко Настоски

ЕМА ја препорача вакцината на Модерна за деца од 12 до 17 години

Жарко Настоски