ФБИ отвори истрага против сенаторот, Ричард Бар, претседавач со Комитетот за разузнавање

Од:

Републиканскиот сенатор од Северна Каролина, Ричард Бар, (64), претседавач со Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат, ќе си поднесе оставка додека ФБИ го испитува за нелегално собирање деловни информации со цел да избегне загуби на берзата за време на кризата со коронавирусот, пренесе Би-Би-Си.

ФБИ го запленило телефонот на сенаторот Бар, кој ги негира тврдењата дека нелегално се здобил со информации и го искористил за да избегне загуби на берзата за време на вонредната состојба.

Сенаторот не се согласи да ги коментира обвиненијата, а според Би-Би-Си, тој и неговата сопруга продале акции вредни 1,7 милиони американски долари во февруари, непосредно пред избувнувањето на кризата со коронавирусот и наметнувањето итни мерки во САД.

Според американскиот закон, на членовите на Конгрес им е забрането да се занимаваат со берзански трансакции за време на нивниот мандат, врз основа на инсајдерски информации недостапни за пошироката јавност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

Трамп ги предупреди Американците: Внимавајте, ФБИ ви испраќа тајни шпиони

ФБИ го истражува градоначалникот на Њујорк, запленети се неговите телефони

ФБИ: Нападот на Хамас може да послужи како инспирација за терористички закани во САД

ФБИ уби маж кој му се закануваше на Бајден

Горан Наумовски

ФБИ: Повеќе од 200 жртви на сексуална злоупотреба се спасени во двонеделна операција