ФБИ наскоро би можела да има пристап до интернет историјата на корисниците без налог

Од:

Без судски или друг налог, податоците од интернет страниците кои граѓаните ги посетувале во изминатиот период би можеле да бидат достапни и за ФБИ.

Во текот на гласањето на амандманот од „Патриотскиот закон“ во САД, американскиот Сенат се согласи на агенцијата да и овозможи пристап врз податоците околу „интернет историјата“, без претходно истата да добие соодветен налог.

Следната недела би требало повторно да се гласаат делови од „Патриотскиот закон“ кој се однесуваат токму на надзорот врз интернет историјата на корисниците во САД.

Некои од сенаторите се уште се борат против оваа одлука иако минатиот пат нивниот предлог за ограниченост на пристапот кон интернет историјата беше одбиен поради немање на доволен број на гласови.

Групата на сенатори укажуваат дека овозможувањето на пристапот до податоците на интернет корисниците од страна на ФБИ е исто како и шпионирање на нивните мисли и тотално ја нарушува нивната приватност.

Тие сметаат дека надзорот би требал да се врши само кога постојат соодветни причини и со налог.

Ставот го потврди американскиот сенатор Рон Вајден.

„ Во секој случај, бидејќи нашиот предлот е одбиен од Сенатот, сега веќе не постои никаква препрека за ФБИ и сличните агенции да имаат директен пристап кон податоците на сите нас“, додаде Вајден.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат