ФБИ: Криминалот од омраза во САД на највисоко ниво во последната деценија

Од:

Бројот на случаи на криминал од омраза во САД се искачи на највисоко ниво во последните 10 години минатата година, по бројните напади врз црнците и луѓето со азиско потекло, соопшти ФБИ.

Податоците од 2020 година, кои ФБИ ги доби од 15.000 агенции за безбедност на национално ниво (за агенции се сметаат полициски управи, канцеларии на шериф, патроли и федерални агенции), покажуваат дека минатата година имало 7.759 криминал од омраза, што е за шест проценти повеќе во споредба со 2019 година и воедно најголем број од 2008 година

Податоците на ФБИ покажуваат дека бројот на прекршувања насочени против црнците скокнал од 1.930 на 2.755, а инцидентите против луѓе со азиско потекло се зголемиле на 274 од 158.

Американското Министерство за правда предупреди дека белите супрематисти претставуваат зголемена закана по немирите во Капитол на 6 јануари, кога приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп се обидоа да влезат во зградата на Конгресот.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност