ФБИ изврши претрес во недвижности на рускиот олигарх Олег Дерипаска

Од:

ФБИ спроведува „активности за спроведување на законот“ во Вашингтон, во домот на рускиот олигарх Олег Дерипаска, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти портпаролот на ФБИ, пренесува Си-Ен-Ен.

Активноста е поврзана со федерална истрага надвор од Њујорк, рече портпаролот, но додаде дека не може да даде повеќе информации. Извор запознат со прашањето рече дека истрагата е „во тек“, но исто така не даде дополнителни детали, јави Си-Ен-Ен.

Во домот, патеката беше затворена со полициска лента со натпис „место на злосторството не влегувај“ со неколку полициски автомобили, паркирани на улицата пред домот на Русинот.. Агент на ФБИ ја чуваше патеката, а неколку други агенти се видени како влегуваат и излегуваат од големиот дом во квартот Калорама во Вашингтон.

ФБИ, исто така, изврши претрес на локација во Њујорк, поврзана со Дерипаска, според официјален претставник на ФБИ.

Претресите извршени во два објекти се „поврзани со американските санкции“, рече претставничката на Дерипаска, Лариса Белјаева во изјавата, додавајќи дека тој не е сопственик на куќите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

Трамп ги предупреди Американците: Внимавајте, ФБИ ви испраќа тајни шпиони

ФБИ го истражува градоначалникот на Њујорк, запленети се неговите телефони

ФБИ: Нападот на Хамас може да послужи како инспирација за терористички закани во САД

ФБИ уби маж кој му се закануваше на Бајден

Горан Наумовски

ФБИ: Повеќе од 200 жртви на сексуална злоупотреба се спасени во двонеделна операција