ФБИ: Бројот на убиства во САД зголемен за 30 отсто во 2020 година

Од:

Бројот на убиства во САД се зголеми за околу 30 проценти во 2020 година во однос на претходната година, достигнувајќи 21.500, соопшти Федералното истражно биро (ФБИ).

Повеќе големи американски градови објавија зголемување на бројот на убиствата минатата година, но податоците на ФБИ ја даваат првата слика на федерално ниво.

Тоа е најголем пораст на бројот на убиства откако ФБИ започна да собира податоци во 60-тите години од минатиот век, но вкупниот број е сепак помал отколку што беше во 1980-тите.

Бројот на убиства драстично се зголеми во јуни минатата година, и иако ниту еден дел од САД не беше поштеден, јужната држава Луизијана сепак имаше највисока стапка на убиства во земјата.

Во извештајот на ФБИ се наведува дека 77 проценти од убиствата во 2020 година биле извршени со огнено оружје, наспроти 74 проценти една година претходно.

Експертите не дадоа јасно објаснување за порастот на убиствата минатата година, но ги наведоа дестабилизирачките последици од пандемијата на Ковид-19 и порастот на продажбата на огнено оружје.

ФБИ ги собрало податоците од 16.000 сојузни, државни, окружни, градски и универзитетски агенции. Се уште не е објавена статистика за 2021 година, но податоците од неколку поголеми градови покажуваат дека стапката на убиства не се намалува.

Податоците на Светска банка покажуваат дека во САД во 2018 година се извршени 6,5 убиства на 100.000 жители, во Мексико 35, во Бразил 27, во Русија осум и по едно на 100.000 жители во Франција и Германија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

Трамп ги предупреди Американците: Внимавајте, ФБИ ви испраќа тајни шпиони

ФБИ го истражува градоначалникот на Њујорк, запленети се неговите телефони

ФБИ: Нападот на Хамас може да послужи како инспирација за терористички закани во САД

ФБИ уби маж кој му се закануваше на Бајден

Горан Наумовски

ФБИ: Повеќе од 200 жртви на сексуална злоупотреба се спасени во двонеделна операција