Фаучи: Имунитетот на стадо во САД е можен само со доволен број вакцинации

Од:

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, изјави дека САД „во релативно брз период“ веќе следната година може да постигнат имунитет на стадо доколку доволен број Американци се вакцинираат против коронавирус.

Фаучи за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека „помошта на патот“ е во форма на вакцина, но дека Американците треба да бидат внимателни затоа што се ближат празниците и да го спречат ширењето на вирусот во текот на зимата.

Тој додаде дека САД се во „многу, многу тешка ситуација“, бидејќи и натаму расте бројот на случаи.

-Вакцините наскоро ќе бидат достапни, доколку Американците можат да издржат, рече Фаучи.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана