Фаучи: Епидемијата засега не е под контрола

Од:

Водечкиот епидемиолг на САД, д-р Ентони Фаучи, на сослушување пред Комисијата за здравство, образование, труд и пензии во Сенатот изјави дека САД се на вистинскиот пат, но дека епидемијата засега не е под контрола.

Покрај него, исто така во далечински настап, на сослушувањето учествуваа и Роберт Редфилд, директор на Центарот за контрола и заболувањата и профилактика и Стивен Хан, раководител на Одделот за контрола на квалитетот на храна и лекови, како и заменик-министерот за здравство, Брет П. Џиуар.

Во своето обраќање, Фаучи укажа за неопходноста од адекватна дијагностика при решавање на проблемите поврзани со коронавирусот.

Според него, Националниот институт за здравје, во чии состав е и институтот предводен од него, во последно време ги засилил програмите за дијагностика.

Во центарот на истражувањата на научниците е и разработка на вакцина за коронавирус.

Во своето излагање, Редфилд изрази благодарност за сите здравствени работници кои се на браникот на борбата со пандемијата.

На прашање од сенаторите дали ќе биде разработена вакцина, Фаучи изрази „внимателен оптимизам“.

Според него, на создавање на вакцина потребно е доволно долго време и дека не се очекува тоа да се случи наесен, кога ќе започне работата на училишните установи.

Според него, отварањето на економијата може да предизвика опасност која потоа ќе биде невозожно да се контролира.

Фаучи истакна дека бројот на починати од компликации од Ковид-19, е многу повеќе од 80.000 лица.

На прашање какви се неговите односи со претседателот Доналд Трамп, тој одговори дека тие несомнено „не се конфронтациски“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски