Фараж не сака пакт со конзервативците, сака чист „развод“ со ЕУ

Од:

Британската „Партија за Брегзит“ го отфрли изборниот договор со владеачките конзервативци.

Тие изјавија дека на изборите следниот месец ќе имаат 300 кандидати за да го присилат премиерот Бориос Џонсон да го исполни ветувањето за чист „развод“ со Европската унија.

Денеска е последниот ден за пријавување кандидати за изборите што ќе се одржат на 12 декември, јавија британските медиуми.

Лидерот на британската „Партија за Брегзит“ Нејџел Фараж за Би-Би-Си изјави дека неговата партија го натерала Џонсон да „вети промена на правецот“.

-Тоа што сега мораме да го направиме е да повикаме на одговорност за да бидеме сигурни дека ќе добиеме Брегзит што ќе ни одоговара, и тоа е мојата работа, рече Фараж.

„Дејли Телеграф“ објави дека Фараж ја одбил понудата на конзервативците да бидат само номинална опозиција со 40 пратенички места и неговата „Партија Брегзит“ да не претендира на останатите.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он