Фараж најави оставка од лидерското место во партијата

Од:

Нејџел Фараж, лидерот на популистичката партија за Реформи на Обединетото Кралство (Reform UK), ребрендираната Партија Брегзит, што ја формираше пред две години, синоќа најави дека се повлекува од партиската функција.

Фараж како лкидер на евроскептичната партија Независно Обединето Кралство (УКИП) вршеше притисок врз британската Влада во 2016 година да одржи референдум за членството на Велика Британија во Европска Унија.

Тој изјави дека Партијата Брегзит им помогнала на конзервативците да го изберат Борис Џонсон за свој лидер со пробрегзит политичка платформа.

– Исходот (од Брегзит) е отцепување на Северна Ирска од Велика Британија и ужасната положба на нашите индустриски рибари, но сега нема враќање назад. Но, кога станува збор за вакцинацијата и трговските договори кои ги склучивме ширум светот, тука ја гледаме користа од Брегзит, а ЕУ сама на себе си се потсмева, посочи Фараж.

Фараж на лидерското место ќе биде заменет од Ричард Тајс.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он