ФАО: Јемен се соочува со катастрофален глад

Од:

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека страшната криза со глад во Јемен се движи кон на работ на „директна катастрофа“.

Според ФАО влошување на хуманитарната ситуација во Јемен ќе биде во втората половина од годинава. Се проценува дека рекордни 19 милиони луѓе најверојатно нема да можат да ги задоволат минималните потреби за храна во тој период.

Во Јемен околу 2,2 милиони деца се сериозно неухранети, а околу половина милион од нив се во опасна животна состојба.

– Овие застрашувачки бројки потврдуваат дека сме на одбројување до катастрофата во Јемен и речиси немаме време да ја избегнеме. Доколку веднаш не добиеме значителни нови средства, ќе следи масовен глад, изјави извршниот директор на Светската програма за храна, Дејвид Бисли.

Граѓанската војна што од 2014 година се води во Јемен, предизвика една од најтешките хуманитарни кризи во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ повикува на примирје во Јемен

А1он

ОН: За само шест месеци во само еден град во Јемен, речиси 160 луѓе загинаа од нагазни мини

Ана Ололовска

Во пратка од Иран до Јемен американската морнарица заплени 70 тони компонента за ракетно гориво

А1он

ФАО соопшти дека од Украина испловил првиот брод со жито за Јемен

Ана Ололовска

Во поплавите во Јемен настрадаа 10 луѓе

ФАО предвидува дека оваа година увозот на храна ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари

А1он