Фајзер и Бионтек почнуваат масовни испитувања на вакцините кај деца од 5 до 11 години

Од:

Американските компании Фајзер и Модерна ќе почнат испитувања на нивните вакцини против коронавирусот кај деца помлади од 12 години, откако тоа од нив го побара американската Агенција за храна и лекови (ФДА).

Агенцијата побара компаниите првично да ја тестираат вакцината кај 3.000 деца на возраст од пет до единаесет години.

Од Фајзер претходно соопштија дека овие испитувања ќе бидат готови до септември.

ФДА уште пролетоска ги одобри двете вакцини за имунизација на деца од 12 до 15 години. И агенцијата и компаниите повеќепати нагласуваа дека нивните препарати се безбедни и ефикасни, како и дека кај младите, вакцините предизвикуваат квалитетен одговор на имунолошкиот систем.

Според официјални податоци, повеќе од седум милиони тинејџеро во САД веќе се вакцинирани.

Би можело да ве интересира

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

ВИДЕО: Лидерот на култ кој уби и распарчи две деца се соочува со смртна казна

Катерина Ѓуровски