Фајсал Мекдад е новиот шеф на сириската дипломатија

Од:

Сирискиот претседател Башар ал-Асад го назначи поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Фајсал Мекдад, за нов министер за надворешни работи, откако досегашниот шеф на дипломатијата Валид ал-Моалам почина минатата недела.

Американските медиуми пренесуваат дека, како и неговиот претходник, и Мекдад (66) е дипломат од кариера, кој е многу близок на претседателот Асад, и кој остро ја критикуваше опозицијата за време на речиси десетгодишната војна во Сирија.

Тој ја претставуваше Сирија на конференциите ширум светот откако стана заменик министер за надворешни работи во 2006 година.

Асад, исто така, го назначи амбасадорот на Сирија во ОН, Башар ал-Џaфари, за нов заменик во Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети