Фабиус: Џихадистите во Ирак и во Сирија продавале нафта на режимот во Дамаск

Од:

Шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус денеска изјави дека џихадистичката група Исламска држава во Ирак и Левантот  продавала нафта од заземените територии на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Имаме докази дека ИДИЛ, кога ја презеде нафта ја продаде на режимот (на Асад), истакна Фабиус на прес-конференција во Њу Делхи, не наведувајќи повеќе детали.

Тој истакна дека продажбата е потврда на „конфузниот“ карактер на конфликтот кој изби на Блискиот Исток, во кој Асад и ИДИЛ теоретски се спротиставени страни.

– Бунтовниците во Сирија и приврзаниците на режимот Асад официјално се борат еднио против други, но во реалноста тие многу често си помагаат едни со други, истакна Фабиус.

Тој наведе и дека ситуацијата во Ирак е многу алармантна и оти треба да бидат поддржани ирачката Владата и армија во совладувањето на џихадистите.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер