EY: Франција е водечка дестинација за нови странски инвестиции

Од:

Франција за првпат ја зазеде позицијата на главна европска дестинација за нови странски инвестиции, оставајќи ги зад себе Велика Британија и Германија.

Тоа го покажа истражувањето на консултантската фирма EY објавено денеска.

Минатата година Франција привлече 1.197 странски инвестициски проекти што е за 17 проценти повеќе од 2018 година, објави EY.

На второ место е Велика Британија со 1.109 проекти, пет проценти повеќе од една година порано.

Следува Германија со 971 проект, непроменет број во однос на претходната година.

Истражувањето на деловниот сектор на EY, спроведено кон крајот на април, исто така, покажа дека многу проекти во Франција може да бидат ревидирани како резултат на корона-кризата.

Две третини од анкетираните деловни лидери очекуваат оваа година да ги ревидираат плановите за инвестиции поврзани со Франција и 15 проценти да ги одложат до 2021 година.

Никој нема намера да ги откаже или додаде нови.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано