Eвростат: Романците и Литванците со најмногу издатоци за храна и безалкохолни пијалоци

Од:

Во 2018 година домаќинствата во Европската унија потрошиле повеќе од една милијарда евра (1.047 мрд. евра) на „храна и безалкохолни пијалоци“. Тоа претставува 12 отсто од вкупните расходи за потрошувачка и се едни од најголемите давачки на домаќинствата во ЕУ по „вода, електрична енергија, гас и други горива“

Тие издатоци се 24 отсто од трошоците на домаќинствата во претходната година, а транспортот учествуваше со 13 отсто од буџетот на домаќинствата.

Домаќинствата во Романија потрошиле околу една петтина од вкупните трошоци на домаќинствата за храна и безалкохолни пијалоци. Следуваат Литванците и Естонците кои најмногу потрошиле на храна и пијалоци.

Според Евростат, Литванија забележа најголемо намалување на трошоците за храна, додека најголемо зголемување има во Чешката Република и Словачка.

Помеѓу 2008 и 2018 година, уделот на вкупните расходи на домаќинствата за храна се намали или остана стабилен во повеќето земји-членки на ЕУ.

Најголемото намалување е забележано во Литванија, од 24 проценти од вкупните расходи на домаќинствата во 2008 година на 20 проценти во 2018 година. Слична статистика е забележана во Полска и Малта.

Спротивно на тоа, потрошувачката на домаќинствата за храна се зголеми во 10 земји-членки на ЕУ каде што се достапни податоци за 2018 година. Најголеми зголемувања се забележани во Чешка и Словачка, но и во Холандија и Унгарија.

Би можело да ве интересира

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Во Романија: Момче сакало да ги убие соучениците

Горан Наумовски