Европските синдикати бараат крај за политиките на штедење во ЕУ

Од:

Конфедерацијата на европски синдикати заедно со повеќе невладини организации испратија писмо до Европската Комисија во кое бараат трајно да се стави крај на политиките на штедење, јави дописничката на МИА од Брисел.

Строгите фискални правила на Пактот за стабилност и раст на ЕУ се суспендирани од почетокот на пандемијата, но синдикатите сметаат дека по завршувањето на кризата тие не треба повторно да се воведат.

Иако синдикатите ја поздравуваат одлуката на Европската комисија да ги олесни своите фискални правила и да воведе помош за невработените преку Фондот СУРЕ, тие оценуваат дека враќањето на старите модели “едноставно не е опција“.

-Мораме да изградиме повторно подобро за сите европски земји членки да излезат посилно одошто влегоа во кризата, пишува Конфедерацијата не европски синдикати заедно со Фондацијата Отворено Општество и невладините Фајненс Воч и Фондација за нова економија.

Потписниците на писмото бараат ЕК трајно да ги измени своите фискални правила, меѓу другото преку голем ЕУ буџет кој ќе овозможи инвестиции и праведна социјална и еколошка транзиција. Тие бараат Европската централна банка да даде поддршка за демократски договорени фискални цели кои ќе им остават можност на земјите членки на ЕУ целосно да “уживаат во фискалниот потенцијал кој им го овозможува монетарната политика“.

Синдикатите предупредуваат дека ЕУ не смее да ги повтори грешките од кризата во 2008.

-Одговорот на ЕУ за време на финансиската криза во 2008 донесе невработеност без преседан и ги поткопа системите на колективни договори потребни за фер плати, и ги урна јавните услуги од кои сите зависиме. Екстремно десниот популизам е неговото наследство, порача генералниот секретар на Конфедерацијата, Лука Висентини.

Тој додаде дека од почетокот на кризата со Ковид-19, лидерите на ЕУ “покажаа дека ги извлекле лекциите од финансиската криза“, но дека “не смее да има враќање кон политиките кои им даваат предност на буџетските кратења наместо создавањето работни места“.

-Пактот за раст и стабилност не треба само да биде одложен, тој треба длабоко да се смени, да дозволи масовни инвестиции, вели Висентини.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски