Европскиот суд за човекови права ја осуди Франција за „џунглата во Кале“

Од:

Европскиот суд за човекови права денеска ја осуди Франција поради „понижувачки и недостоен третман“ на еден 12-годишен Авганистанец, при дислоцирањето на дивиот мигрантски камп во градот Кале, попознат како „џунглата“, во 2016 година, јави дописникот на МИА.

Во овој камп престојуваа околу 10 000 мигранти, кои се надеваа дека од Кале ќе успеат да заминат преку Ламанш во Велика Британија.

Малолетниот Авганистанец, за кого се однесува пресудата, според Судот, повеќе месеци „живеел во целосно неприлагодена средина на неговите детски години и во неприфатлива сиромаштија за неговата возраст“.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден