Европскиот суд на правдата ќе донесе пресуда за третманот на Унгарија кон азилантите

Од:

Европскиот суд на правдата денеска треба да донесе одлука за тоа дали Унгарија незаконски ги задржува барателите на азил во транзитна зона на нејзината граница со Србија, која не е членка на ЕУ, јави ДПА.

Будимпешта се најде на удар од Брисел поради својот строг миграциски пристап, за кој постојано има забелешки пред Европскиот суд на правдата (ЕСП).

Последниот случај се однесува на четворица баратели на азил, од Иран и Авганистан, кои биле држени во транзитната зона по пристигнувањето од Србија. Будимпешта ги одби нивните барања за азил, тврдејќи дека Србија е безбедна транзит земја и оти би требало азил да побараат таму. Белград одбива да ги прими повторно, истакнувајќи дека тие не влегле илегално во Унгарија и поради тоа не важи договорот за реадмисија меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон