Европскиот суд ја поддржа забраната во Франција за целосна забраденост

Од:

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја поддржа забраната во Франција, муслимамските жени да се појавуваат во јавноста со целосно забрадени.

Станува збор за носење на муслиманската облека никаб, која го покрива целото тело на жената, оставајќи само еден тесен отвор за очите.

Процесот пред судот во Стразбур го покрена една 24-годишна француска муслиманка која во својата тужба тврдеше дека забраната да биде целосно забрадена во јавноста претставува „насилство врз слободата на религиозното изразување“.

Францускиот закон кој беше на „судење“ забранува носење никаб на улица и во сите јавни протории, а за оние кои ќе ја прекршат забраната предвидена е парична кзна од 150 евра.

Законот е донесен во 2010 година, во времето кога претседател на Франција беше Никола Саркози. Ваквото решение предизвика протести од муслиманската заедница во земјата, како и остри критики од домашните либерали и левичарските организации и од таквите организации и групи во ЕУ.

Судот во Стразбур ја одби тужбата на француската муслиманка со образложение дека законот не е донесен врз религиозни, туку врз социјални причини. Носењето никаб на јавно место значи покривање на идентитетот на лицето што го носи, а забраната помага за побрзата социјализација на муслиманските жени во француското општество,оцени Судот за човекови права.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата