Европскиот суд го осуди изрекувањето куќен притвор на рускиот опозиционер Навални

Од:

Руските власти ги прекршија правата на опозицискиот лидер Алексеј Навални со тоа што го држат во куќен притвор уште од 2014 година, пресуди денеска Европскиот суд за човекови права.

Како што јави ДПА, Судот смета дека со изрекувањето на куќен притвор на Навални во февруари 2014, руските власти сакале да ги спречат неговите политички активности.

Ова е трета пресуда на Европскиот суд со која се осудува куќниот притвор на Навални и втора во која се оценува дека неговата казна е политички мотивирана.

Руски суд во декември 2014 години ги прогласи Навални и неговиот брат за виновни под обвинение за измами. Претходно, во 2013 година Навални беше осуден на пет години затвори поради наводна корупција.

Куќниот притвор на Навални му беше изречен во февруари 2014 година, кога беше проведен под обвинение за организирање забранети јавни собири. Ваквата казна на Навални му беше изречена набрзо откако беше прифатена неговата кандидатура за градоначалник на Москва за локалните избори.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

Навални пред смртта напишал автобиографија