Европскиот парламент усвои резолуции за Босна и Херцеговина и за Косово

Од:

Пратениците во Европскиот парламент денеска усвоија резолуции за Косово и Босна и Херцеговина. За резолуцијата за Босна и Херцеговина гласаа 479 европратеници, 81 беа против, а 75 беа воздржани.

Европратениците ја потврдија својата поддршка за евроатлантската ориентација на БиХ, но остро ја осудија реториката со омраза и нарушувачките дејства, вклучително и повлекувањето и опструкциите на државните институции, особено од раководството на Република Српска.

Тие ги повикаа сите политички актери во БиХ безусловно да се вратат во државните институции и да напредуваат со реформите на ЕУ, особено во областа на владеењето на правото.

Резолуцијата за Косово беше усвоена со 469 гласови за, 96 против и 72 воздржани.

Во извештајот за Косово, европратениците ја пофалија зголемената политичка стабилност на Косово и посветеноста на европскиот пат и го повторија повикот до членките на ЕУ во Советот итно да одобрат безвизен режим за косовските граѓани, нагласувајќи дека дополнителното одложување го поткопува кредибилитетот на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент го укинува имунитетот на пратениците поврзани со корупција

Европарламентот сака да ја зголеми употребата на обновливите извори на енергија и заштедата на енергија